Кумот на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, Романецот Јон Цирјак, е еден од најбогатите луѓе во светот според светскиот магазин „Форбс“. Исто е и најбогатиот спортист на сите времиња, чија заработка се проценува на 2 милијарди долари и е единствен поранешен спортист на листата милијардери.
Цирјак денес има 84 години и непроценливо богатство. Неговиот живот многупати бил тема на голем број медиуми, затоа што е и најбогатиот во Романија, земјата од која потекнува.
Пред неколку години се најде на 1876 место на листата на „Форбс“, а во 2022 година на 1818. На сајтот на „Форбс“ меѓу останатото, за него пишува дека најголемиот дел од приходите ги има стекнато од бизнисот со банките и осигурителните компании. Сите ги има споено во „Циријак групата“.
Сопственик е и на тенискиот турнир од Мастерс серијата во Мадрид, а во неговите компании работат преку 20.000 луѓе. Јон е дел од светскиот џет сет, а пасија му се моторите.
Има преку 400 модели. Некои од тие ги возеле Ал Капоне и Елтон Џон. Пред неколку години Ѓоковиќ од него го купи турнирот кој се одржуваше во Белград, а многу сака и луксузните автомобили со кои често се фали во јавноста.
„Го имам секој тип на „Ферари“, „Мерцедес“, Јагуар“ и „Порше“, кои постојат во понудите“, рече Циријак.
Според пишувањата на некои медиуми, кога Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал би ги споиле своите богатства, кои се мерат во стотина милиони долари, не би го имале ни половина од она што го поседува Циријак.
Најинтересно е тоа што најголемиот дел од парите не ги има заработено од тенисот. Не бил успешен тенисер, особено во сингл мечевите каде има освоено само една титула. Во дабл мечевите славел 22 пати.
Неговиот подем почнал по завршувањето на тенисерката кариера. Бил тренер и менаџер на Борис Бекер, Штефи Граф, Горан Иванишевиќ, Марат Сафина, Мери Џо Фернандез и голем број други успешни тенисери. Тие му биле само отскочна даска за бизнис.
Во бизнисот имаше огромен успех благодарение на неговиот претприемачки дух, но и големиот број контакти кои ги стекнал. Со бизнис успешно се занимавал и претходно, но најмногу пари заработил во деведестите.
По падот на комунистичкиот режим на Николае Чаушеско, се враќа во Романија и станува застапник на Metro AG, а потоа и на „Мерцедес“.
Интересно е тоа што вели дека има и триесет и пет деца, а наводно тврди дека таа бројка не е конечна. Во моментов со сопругата и неговите три деца живее во Монако, но на сајтот на „Форбс“ пишува дека има две деца и дека е сингл.
Романецот е познат и по хуманоста, пред сè затоа што во родното место Брашов изградил населба во која живеат околу 300 напуштени деца, кои тој ги издржува. Освен тоа, на покана на Новак Ѓоковиќ донираше и 100.000 долари за поправка на куќите по поплавите во Србија во мај 2014 година.
Брена и Боба до ден денес се блиски со Цирјак. Во 1991 година кога се венчаа им го подари еден од најскапите автомобили, а на венчавката дојде со приватен авион.
„Ако ме прашувате дали имам во животот некој кого толку многу го сакам и го почитувам како човек и кој навистина ни помогна откако со Бобо почнавме заеднички живот, тоа дефинитивно е Јон. Исто така долги години му беше спортски менаџер на Бобо. Убаво е чувството кога сте покрај таков голем човек. Има 80 години, а сè уште активно работи. Да се биде меѓу 150 луѓе на кои им организирал роденден и да се биде меѓу поканетите од високо друштво од целиот свет, за мене е многу емотивно чувство и почестена сум заради тоа“, рече Брена.
Во прилог на ова говори и податокот дека Циријак во 2018 година беше гостин на венчавката на синот на Брена и Боба, Филип и пејачката Александра Пријовиќ.