Популарната пејачка Новата година ја дочека со својата публика.
Лепа Брена одржа новогодишен настап во Бар.
Популарната пејачка направи спектакл за паметење и собра огромна публика на својот концерт.
Брена напорно работеше на секој детаљ и целиот новогодишен концерт изгледа прекрасно, а посебно внимание посвети на својот стајлинг.
Пејачката на сцената се појави во розова светкава облека и розова бунда со необичен крој, додека овој стајлинг го заокружи со накит во истата нијанса, како и огромна капа во оваа боја.
View this post on Instagram
Овој нејзин стајлинг привлече големо внимание и предизвика различни мислења.
Додека едни го критикуваа конкретното издание на пејачката, други беа воодушевени од нејзиниот необичен изглед.