Српската пејачка Лепа Брена се пофали дека добила специјална награда и се потсети на еден посебен момент од нејзината музичка кариера кога настапувала во бројни градови и земји во светот и се потсети на еден посебен момент од нејзината музичка кариера.
На Брена ѝ била врачена специјална награда, поточно клучевите од градот Берзаска, каде што пејачката од неодамна е почесен граѓанин.
Со фотографии од градот Берзаска во Романија, таа раскажа анегдота од концерт на почетокот на нејзината кариера.
„Вечерва ќе одржам спектакуларен концерт и морам да кажам дека сето тоа ме потсетува на далечната 1984 година кога луѓето фрлаа по мене цвеќе каде и да поминував. Тогаш владееше семејството Чаушеску и народот живееше многу тешко, а јас им го дадов тоа што можев – мојата песна и љубов“, се присетила Брена.