Лет 3 на тиркизниот тепих во Ливерпул се појавија во бели гаќи

Хрватските претставници на овогодинешниот Евросонг на тиркизниот тепих Лет 3 се појавија во уникатни стајлинзи.

Момците од Лето 3 на свеченото отворање на 67. избор за песна на Евровизија во Ливерпул пристигнаа во луксузни костими дизајнирани за нив од Јурај Зигман. Сите освен Прља имаа костими со мотивот на хрватското знаме, додека тој имаше костим во боите на Украина. Овогодинешниот Евросонг е посветен на Украина како домаќини.

Лет 3 ги соблекоа костимите на тиркизниот тепих и останаа во суќњи под кои носеа бела долна облека и кошули. На главите имаа капи кои се дел од сценскиот настап на Евровизија, а беа и нашминкани.

Иако најавија дека во Ливерпул ќе пристигнат со златен трактор, ќе мораат без него бидејќи, како што откри Мрле на својот Инстаграм, „тракторот е заглавен во метаверс поради Брегзит“. За Лет 3 и уште 36 претставници денеска официјално започна Евросонгот со изведбата на хитот „Come Together“ на Битлси, а сите претставници се потрудија да се истакнат на ова прво претставување пред публиката на тој музички натпревар.

 

Scroll to Top