Министерството за надворешни работи на Јужноафриканската Република ги истражувало своите вработени во имиграционото оддление за да утврди дали вработените ѝ помогнале на Србинката да стапи во брак со Џорџ само за документи. Тој со Лидија се оженил во 2002 година.
Лазаревиќ во Јужноафриканската Република добила трајно државјанство во 2004 година и лична карта, но според зборовите на девојката со која раскинала, во тоа време не живеела со човекот за кого се омажила, пишува „Ситизен“.
Бракот со Џорџ е склучен 2008 година, а својата врска со жената од Јужноафриканската Република ја започнала во 2004 година за една година подоцна да се пресели кај неа.
По раскинувањето, Лидија одбила да го напушти луксузниот стан на поранешната девојка, па ѝ се заканила дека ќе повика српски мафијаши доколку се обиде да ја исфрли.
Лазаревиќ кај жената, чие име не е откриено, живеела уште три месеци, по што ја ограбила и исчезнала.
Полицијата на Јужноафриканската Република сега трага по Лидија, која е во бегство.