Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ на своите обожаватели им сподели фотографија на која речиси целата е непрепознатлива. Таа е крвава и во модрици, а се за потребите на снимањето на епизодата од серијата „Ургентен центар“.
Иако јасно е за што станува збор, нејзините фанови биле уплашени поради сликата. Лидија веднаш објаснила дека не станува збор за повреди туку за шминка за улогата.
„Ако некој се израдува, ќе морам да го разочарам. Само снимање „УРГЕНТЕН ЦЕНТАР“, напишала Лидија на фотографијата.
Имало и такви фанови кои се уплашиле па и напишале дека актерката успеала да им го скрати животот за неколку години.