Љиљана Николовска: На врата ни дојдоа „црнкошуљаши“, а моите родители го изгубија станот во Сплит

Хрватската пејачка Љиљана Николовска (58), поранешна членка на групата Магазин, во 1990 година се пресели во САД, а пет години подоцна се сместија во Сан Педро каде што и денес живеат. Ретко кога доаѓа во Хрватска. Таа во интервју за хрватскиот портал „Новости“ раскажала за најболните моменти од нејзиниот живот кога нејзините родители останале без покрив над главата во Сплит, каде што е родена.

„Се преселив во 1990 година, но бидејќи само што го завршувавме албумот ‘Добро утро’ често се враќав и правев промо турнеи во текот на 1991 година, сè додека Данијела не беше подготвена да почне со настапи. Редовно доаѓав до 1996 година, кога бендот ме замоли да им се придружам на уште неколку свирки во Хрватска и Словенија. Се сеќавам дека во 1991 година патрола тропна на вратата од нашиот стан во Сплит. Влегоа, ме поздравија, слушнав како од вратата му викаат некому: ‘Нема проблем, ова се родителите на нашата Лили!’ Пристојно нè поздравија и заминаа. Следните што се појавија беа ‘црнокошуљашите’. Немаше да се случи таков проблем ако имавме донекаде независно судство, но, за жал, вистината е спротивна“, раскажа Николовска.

Таа вели дека по 22 години судење, ја добиле пресудата да си го вратат станот, Љиљана вели дека родителите не добиле никакво извинување ниту оштета за срамниот процес.

Николовска вели дека ѝ недостига стариот Сплит, кој повеќе го нема, кого го опиша како град кој ги произведувал најдобрите крофни на светот, но и како град на хуморот, серенадите и солзите.

Таа во текот на интервјуто раскажа и за влијанието на пандемијата врз нејзиниот живот.

„Пандемијата ја промени студиската работа во однос на групните снимања во живо, ги оневозможи и настапите, но денешната технологија ги пополни повеќето дупки. Пред 15 години требаше да угостиш цел бенд од друга држава со кого ќе соработуваш во следниот период, додека денес едноставно само си ги препраќаме материјалите“, вели таа.

Таа се присети на времето кога постојано патувала со „Магазин“ и имала и по четири концерти дневно, кога во ист ден настапувале во два различни града.

„Не го памтам ‘Магазин’ како феномен. Претпоставувам дека кога немате време да се видите на телевизија, немате поим за вашиот статус и популарност. Сепак, се сеќавам дека бевме навистина среќни кога слушнавме наши песни на локалното радио додека патувавме со комбето, особено по наградното фијаско со ‘Пиши ми’ на Загребфест во 1985 година, кога публиката го напушти Лисински затоа што не победивме“, раскажа таа.. Омилени спомени од тој период ѝ се публиката и интеракцијата со неа.

„Кога ќе помислам на некои од стиховите, се згрозувам, но имаше и неколку безвременски, па не ми е жал. Привлечноста на овие песни можеби лежи во нивниот тогаш необичен, специфичен микс на поп и фолк, кој е создаден во соработка со голем број луѓе во индустријата, наспроти ексклузивната фабрика со која се занимаваат регионалните автори оттогаш“, искрена е Николовска.

За потсетување, пејачката волонтираше во кампањите на Берни Сандерс, кој беше демократски кандидат на претседателските избори 2016 и 2020 година во САД,

Scroll to Top