Љуба Станковиќ е најмладиот учесник во „Пинкови ѕвездички“ и освои голем број на фанови со своите гласовни способности, харизмата и непосредноста.
Речиси секој негов настап е фантастичен.
„Баш се чувствувам супер и едвај чекам да излезам на сцената. И би сакал да се најдам во супер-финалето“, изјави Љуба.
Ова момче вели дека има голема поддршка од своето семејство.
„Ми помагаат тато и Марина, тоа е мојата сестра, и тие вежбаат со мене, два-три пати неделно“, изјави Љуба, кој истакнува дека е во добри односи со останатите ѕвездички.
„Со сите другари се дружам и сите ми се добри“, изјави петгодишното момче, кое вели дека музиката е неговиот свет.
„Ја сакам музиката, да свирам и многу сакам да танцувам. Кога ќе пораснам би сакал да бидам пејач“, вели Љуба.