Актерите Бурак Озџивит и Фахрије Евџен се еден од најпознатите турски парови. Популарниот Бали-Бег од „Сулејман Величествениот“ и Неџла од „Кога лисијата паѓаат“ се заедно од 2013 година. Парот се запозна за време на снимањето на серијата Çalıkuşu (Дневникот на Фериде).
Во тој период, Бурак беше свршен со актерката Џејлан Чапа, со која беше во долгогодишна врска. Сепак, по завршувањето на снимањето, тие раскинаа поради наводното неверство на Џејлан. Таа била забележана како се бакнува со друг маж.
По нивната разделба, таблоидите почнале да шпекулираат дека Бурак и Фахрије се во врска, иако и двајцата негирале и ја чувале врската во најголема тајност.
Две години подоцна, во интервју за магазинот InStyle тие ја открија својата врска и открија како се чувствуваат.
„Не можам да користам стереотипни реченици за љубовта бидејќи тоа е мошне длабоко чувство. Кога ќе се вљубиш, ја дознаваш сопствената суштина и се гледаш себеси во вистинското светло. И јас кога се вљубив, го запознав вистинскиот Бурак“, изјави тогаш Бурак.
Откако признаа дека се заедно, Бурак го испразни својот стан и го даде под кирија, по што се пресели кај Фахрије. Во 2016 таа огранизираше забава по повод 32. роденден на Бурак на која присуствувааа 30-тина нивни најблиски пријатели. Актерот ја искористи оваа шанса и ја побара за жена.
Четири месеци подоцна, парот направи и официјална свршувачка во Германија, каде што ја побара раката на Фахрије од нејзиниот татко. По неколку месеци стапија во брак, а за меден месец заминаа на Малдиви.
Во април 2019 година, тие станаа родители на синот Каран. По неговото раѓање, Фахрије му отвори инстаграм-профил, кое наиде на жестоки критики од страна на јавноста.
Според турските таблоиди, во последните две години тие смениле 15 дадилки, а Фахрије во една пригода кажа што точно бара од совршените дадилки: „Само сакам да му приоѓа на нашето дете со љубов. Не е потребно да биде некоја посебна личност, важно е само да може да се поврзе со детето“.
Неодамна тие се вратија на филмските сетови и работните обврски. Актерката пред тоа побарала во нивниот дом да биде инсталирана камера за да може постојано да гледа што прави нејзиниот син Каран.