Хрватската водителка Николина Пишек признала дека нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ кога починал бил со друга жена, а како што пишува Курир, неговата љубовница потоа дала изјава во полиција.
Жената тогаш открила дека се познаваат една година, како што пренесуваат српските медиуми.
„Таа девојка е сослушана на самото место. Рече дека по професија е физиотерапевт и дека со Видоје се познавала околу една година. Таа изјавила дека тој бил во брак со Николина Пишек, и рекла дека Видоје дошол во нејзиниот стан ден претходно, околу 21 часот и 30 минути и дека и донел фустан за роденден“, изјавил изворот за Курир.
„Во полиција изјавила дека Видоје испил една чаша вотка по што имале секс. Потоа заспаа. Во одреден момент, како што рекла, престанал да ’рчи, што досега не се случило и тоа и било сомнително. Му пришла да провери дали дише, но открила дека не дава знаци на живот. Потоа повикала полиција и брза помош, а наводно и се јавила на мајка му, која за се ја известила Николина“, раскажал изворот за српските медиуми.
Николина неодамна отворено проговори за смртта на нејзиниот сопруг во интервју за хрватски медиум.
„Ми се јави мајка му, беше во ноќните часови, јас случајно уште не спиев, не знам зошто. Таа ми рече: „Видоје почина“, а јас реков „Добро ли си? Што се случува Марија?-Едноставно извесно време информацијата не ја обработив“, објаснила Николина.
Водителката изјави дека постојано се пишува за смртта на нејзиниот сопруг и дека се шпекулира дека тој починал за време на масажа додека бил со друга жена.
За смртта проговори и Миша Гроф, таткото на Видоје.
„Не е вистина. Таа е луда жена. Никогаш не го кажав тоа. Имам дневник со имињата на мажите со кои била за време на бракот со Видоје и сето тоа ќе го објавам“, изјавил за Блиц.