Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, кој пред неколку недели ја претепа пејачката, сега од неа бара да му го врати секој динар што го потрошил додека биле заедно.
Лазукиќ од Беквалац бара 20 милиони динари. Во тужбата за развод ги поднесол сметките како доказ дека ѝ плаќал храна и пијалаци во рестораните, дека ѝ купил уред за електронска наплата за патарините и авиобилети до Атина, а тврди и дека вложил во нејзиниот стан и викендичка.
Покрај тоа што инсистира да му се исплати целокупната сума за која тврди дека ја вложил во нејзината викендичка во Ченеј, реновирањето на станот во Белград и свадбата на Ибица, Лука сега бара од Беквалац да му ги врати парите што ги потрошил за нивните ручеци и пијалаци по рестораните, како и за сметките за патарини од Белград до Нови Сад.