Сопругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, кој пејачката, како што таа тврди, ја претепал во нејзиниот стан на Дедиње, наводно поднел кривична пријава против таткото на Наташа, Драгољуб Беквалац.
Кривичната пријава поднесена против таткото на Наташа стигнала во Второто основно јавно обвинителство, а ја поднел Лука Лазукиќ поради наводните закани и насилство во семејството.
Драгољуб Беквалац наводно во едно интервју, на кое се повикале адвокатите на Лазукиќ, упатил закана кон Лука и врз основа на тоа против него поднеле пријава за насилство во семејството, како и барање до полицијата за одредена заштита.
Надлежното обвинителство ќе одлучува за тоа дали против Драгољуб Беквалац ќе биде поведена постапка или пријавата ќе биде одбиена.
Во прашање е следната изјава на таткото на Наташа:
„Среќа што од Нови Сад до Белград има толку километри. Баш читав пред 10 години што изјавив за Наташа – дека за неа би убил, а сега ќе дополнам: „За Наташа би загинал“. Лука е измамник, човек кој преку заљубените жени ја решава својата егзистенција. Мојот зет е лош човек, неговата цел беше материјално да ја уништи Наташа и да ги присвои сите пари, а мојата ќерка беше заљубена и мојата приказна не можеше да допре до неа“, изјавил во емисијата Драгољуб Беквалац.