Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ужива на луксузна јахта во близина на Дубровник. Фудбалерот по големото и драматично финале на Лигата на нации во кое хрватската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија и го освои среброто, заминал на заслужен одмор.
Јахтата „Ферари кастм лајн 120 Еролиа“ на која бил забележан фудбалерот може да собере од 10 до 12 луѓе во пет соби. Еден ден на него чини 160.000 евра, а осум членови на екипажот се грижат за безбедноста.
Ever dreamt of an exclusive yacht voyage? Meet EROLIA, an emblem of luxury from @customlineyacht. Delivered in 2022, this 38.13m Italian Motor Yacht combines top-notch comfort with impressive performance. ⛴️🌊 pic.twitter.com/HEZVbrIZMe
— Project Fomo (@Project_Fomo) June 2, 2023
Специфичниот модел на јахтата моментално не е достапен за купување.
Надворешниот и внатрешен дизајн е дело на Франческо Пашковски.