Лука Модриќ емотивен за роденденот на сопругата: Среќна да си љубов моја

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ на сопругара Вања и посвети објава на Инстаграм. Модриќ објави заедничка фотографија и и го честиташе роденденот.

„Среќен роденден љубов моја. Те сакам“, напиша Модриќ.

Во коментарите неговите следбеници и посакаа се најдобро на сопругата на Модриќ која прослави 41 роденден. На неговиот Инстаграм профил се почести се фудбалските објави, тој никогаш не пропушта да ги одбележи важните моменти од семејството, па така им честита родендени и на своите деца.

Вања, која е од Босниќ со Лука се запознале кога работела во агенцијата на Здравко Мамиќ. Нејзината мајка Весна Јураиќ била шеф на сметководство во Динамо, а Вања често ја посетувала на Максимир. Кога се запознале, Лука бил само на почетокот на кариерата, а се започнало со телефонски разговор.

Само шест месеци по нивната прва средба, тие почнале да живеат заедно. Се венчале по четири години врска, во 2010 година во матично во Загреб. Истата година го добиле синот Иван. Три години подоцна се родила Ема, а најмладата Софија во 2017 година. Една година по граѓанската венчавка, тие се венчале во црквата Пресвета Богородица од Лурд.

 

Scroll to Top