Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ по Светското првенство во Катар, замина на одмор со своето семејство.
Со сопругата Вања и децата од Малдивите испратија честитка за Божиќ.
„Среќен Божиќ“, напиша Лука, кој е на одмор до 7 јануари.
Лука Модриќ не се појави на пречекот на фудбалерите во Задар, но неговиот татко Стипе и сестрата Диора пристигнале на дочекот во Задар, а Лука им се обратил на своите.
„Жал ми е што не можам да бидам овде со вас денес, но затоа моите соиграчи и моето семејство ќе бидат таму. Ви благодариме за големата поддршка во текот на целиот турнир и воопшто. Уживајте, се гледаме во друга прилика”, кажал Модриќ.