Mајката на Јелена знаела кој е убиецот

Зорица Крсмановиќ, мајка на монструозно убиената пејачка Јелена Марјановиќ, пред смртта на нејзината ќерка, на најблиските им открила дека знае кој бил нејзиниот убиец.

Таа сепак не го открила името, а набрзо после тоа починала.

Последните денови од својот живот ги искористила да им се довери на своите најблиски, знаејќи дека деновите ѝ се одбројани.

„Таа никогаш не им веруваше на Марјановиќ. Додека сите други мислеа дека Јелена има складен брак, дека е среќна и задоволна, Зорица ја знаеше вистината. Откако беше пронајдено нејзиното тело, знаеше да каже дека ѝ го убиле детето и дека не знаеле да ја чуваат“, изјавила една од роднините на покојната Зорица.

Дека Зорица знаела многу повеќе, открива изјавата која ја дала непосредно после убиството на Јелена:

„Па моето дете е убиено. Чекам да го уапсат убиецот, па има сѐ да откријам. Сакам да го погледнам тој монструм во очи. Дотогаш целото внимание ќе ми биде насочено кон мојата внука Јана. Се плашам за неа“, изјавила Зорица Крсмановиќ за медиумите.