Александра Пријовиќ неодамна ја потврди својата популарност во регионот одржувајќи пет последователни концерти во загрепската „Арена“, но малкумина знаат дека пејачката се пробала и во актерството.
Имено, пред три години Александра се појави во популарната серија „Убијците на мојот татко“ во кој глумеше пејачка. Потоа рече дека никогаш не помислила дека ќе глуми, но дека со помош на одлични и многу професионални актери сепак направила се добро. Најтешки и биле емотивните и секси сцени со колегата Бан Томашевиќ.
„Се срамев да го гушнам и галам. Сите се трудеа да ме опуштат, па дури и мојот сопруг Филип“, открила своевремено пејачката и додала дека Лепа Брена, која исто така често глумела, прилично ја пофалила.
Александра ја испеа и насловната песна за четвртата сезона од серијата, која стана голем хит.