Марија Шерифовиќ му помогна на бездомник и му плати ќирија за стан за цела година

Марија Шерифовиќ се пушти во хумана акција и му помогна на уличниот пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница. Пејачката му ја платила ќиријата за цела година и Мустафа ќе може бесплатно да живее во станот од крајот на август до следниот во 2024 година, а исто така му ги покрила и сметките за истиот период.

Мустафа досега бил бездомник и живеел под мост, а Шерифовиќ сега го исполни ветувањето и го посети во новиот стан. Покрај киријата, на газдарицата ѝ дава пари и за сметките. Покрај ќиријата и сметките Шерифовиќ на Мустафа му обезбеди и три оброци дневно во блискиот ресторан.

„Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви примери, на кои можеме барем малку да им помогнеме и им го подобриме животот, да им олесниме макар и за момент“, рече Марија.

Мустафа објасни дека имал тежок живот. На седум години останал без родители, а луѓето кои се грижеле за него го принудувале да работи и да заработува пари за нив уште кога бил малолетен.

Scroll to Top