Марија Шерифовиќ го сними својот нов спот во „Штарк арената“, а за време на паузата одговараше на бројни прашања кои се поврзани за нејзиниот живот.
На прашањето какво е чувство има кога некој кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ ќе отпее некој нејзин хит, Марија одговори искрено:
„Ако знае да пее, убаво. Ако не знае да пее, очајно. Јас капирам дека колегите сакаат кога песните ќе им се пејат во „Ѕвездите на Гранд“ и тоа излегува дека е некој хит. Јас навистина, но навистина немам никаков проблем моите песни во „Ѕвездите на Гранд“ да не се пејат никогаш. И би била среќна, се разбира, кога тие би биле пеени од оние кои знаат да пејат“, изјави Марија.
Пејачката откри дека со својот татко Рајко е во добри односи.
„Шерифовиќ се под контрола“, изјави Марија, а на потпрашањето дали таа е заслужна за тоа или некој друг, исто така кратко одговорила.
„Апсолутно“, навела Марија.