Марија Шерифовиќ: Таткото на моето дете може да ме тужи за 10 милиони долари, имаме договор

Марија Шерифовиќ гостувајќи во забавна емисија, за прв пат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот шестмесечен син Марио, кој го доби преку сурогат мајка. Српската пејачка изјави дека нема да го открие идентитетот на таткото, бидејќи во тој случај би можела да биде казнета.

„Тоа се работи за кои не можам и не треба да зборувам поради сите потпишани договори, бидејќи никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, а потоа (таткото) ќе ме тужи за десет милиони долари, можеби и повеќе“, објасни таа.

Потоа додаде: „Тој е одличен фраер, Европеец“.

Пејачката открила и дека ќе му биде најголемиот поддржувач на нејзиниот син, што и да прави во животот.

„Нека биде здраво, паметно и чесно суштество. Што се однесува до мене, тој може да биде и доктор на науки и вулканизер. Ќе се обидам да го слушнам, да го видам, да ги слушам неговите потреби и да му бидам поддршка“, рече таа.

Scroll to Top