На ова реагира пак Бекута, која ѝ рече: „Те молам, само пишувај си ги грдите коментари на социјалните мрежи. Хистерична си, што правиш“.
На ова пак реагира Марија: „Не, не зборуваш кога имаш проблем. Тоа е твој проблем, Ана, затоа што никогаш не кажуваш ништо. Што ти реков лошо? Не ти се обратив, никогаш ништо лошо не сум ти кажала. Никогаш“, повторуваше Марија.
На ова Бекута ѝ рече: „Марија, имаш амнезија, оди таму пишувај лошо на социјалните мрежи“, одговори Бекута.
Не е прват да се скараат членовите од жирито на „Гранд“ кога се во прашање нивните натпреварувачи. Но, тоа е една и од приччините што „Гранд“ секогаш го привлекува вниманието на јавноста и по неколку сезони прикажување.