Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ била оперирана од малиген тумор на дојката. Операцијата е извршена на Институтот за онкологија и радиологија во Србија, пишуваат српските медиуми.
Според извор од болницата, на Туцаковиќ ѝ е дијагностициран карцином на левата града. Се вели и дека таа повеќе од година се сомневала дека е болна и дека има туморски промени, но дека не побарала лекарска помош веднаш. Во меѓувреме и ослабела многу.
Во моментот е во болница и закрепнува.