Ме уценуваше и бараше да спијам со неа, Милан Поповиќ првпат прозборе за врската со Северина

Бизнисменот Милан Поповиќ во емисијата на Јована Јеремиќ „Ново утро“, раскажа детали за врската со пејачката Северина. Како што пренесе Pink TV, Милан отворено зборуваше за конфликтот на Северина и сестра ѝ во кој и тој беше вмешан и односот со пејачката од самиот почеток на нивната врска.

„Решив да се разведам по шест месеци. Кога конечн сакав да го направам тоа, ми рече дека е бремена. Одлучив да останам со неа, затоа што не сакав да ја прекине бременоста. Сакав да бидеме партнери во родителството, но секаква друга емотивна врска, од моја страна не можеше да има“, рече Поповиќ

„Се гледавме додека беше бремена, се дружевме, ја финансирав бременоста, затоа што тоа од мене беше побарано. Да ги компензирам сите трошоци кои ги имаше, затоа што не можеше да работи додека беше бремена“, додаде тој.

„Никогаш не живеевме заедно. Се гледавме само за викенди. По три месеци почнаа кавгите. Јас сакав да си заминам пред да почнат. Не ми беше пријатно во таа врска“, рече Поповиќ, кој додаде дека помагал за време на целата бременост.

„Буквално ѝ го носев доручеккот. Бев присутен покрај неа и сакав да ѝ бидам партнер во родителството. Тогаш почна да ме уценува, дека ако не бидам интимен со неа, ако не спиеме заедно, нема да ми дозволи да бидам дел од животот на детето. Дека ќе ме посетат некои луѓе, некакво обезбедување“, рече Поповиќ.

„Во јуни 2013 додека бевме на Кипар почна да биде хистерична. По три недели и го предложив мојот план за родителството. Потоа се сретнавме во Дубровник и ми рече дека има милион евра кредит и дека сака јас да ѝ го вратам и да продолжам да ѝ плаќам 10.000 евра алиментација“, рече Поповиќ.

„Се заљубив во личност која глумеше. И понатаму се чувствувам емотивно измамен, како некој нејзин финансиски проект“, рече Милан.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top