Српскиот бизнисмен и поранешен партнер на Северина, Милан Поповиќ по третпат стана татко, пишуваат српските медиуми. Поповиќ вчера го доби синот Џорџе.
Лекарите во болницата во Белград каде се породи Бојана, сопругата на Милан, велат дека таа и бебето се во одлична состојба. Поповиќ вели дека со Бојана се одлучиле за името Џорџе затоа што тоа е едно од најстарите имиња во европските народи. Џорџе едно од имињата на грчкиот бог Зевс, кој бил заштиник на земјоделците.
Поповиќ и Бојана веќе имаат еден син, а покрај двете деца со Бојана, Поповиќ е татко и на Александар неговиот најстар син кој го доби со хрватската пејачка Северина.