Нов претседател на Црна Гора е политичарот Јаков Милатовиќ. Јавноста не остана рамнодушна на неговата сопруга Милена која не ја криеше среќата заради успех на нејзиниот сопруг.
Милена Милатовиќ штотуку стана прва дама на Црна Гора зарaди убедливата победа на нејзиниот сопруг Јаков Милатовиќ.
Милена Милатовиќ е директор за финансии и економски прашања во црногорскиот електропреносен систем. Таа функција ја добила додека нејзиниот сопруг бил министер.
Таа му е најголма поддршка , пишуваат медиумите. До сега ретко се појавуваше во јавноста, но кога ќе се појави со сопругот на некој настан – таа секогаш се наметнува со својата елеганција и едноставност. Вистинско освежување на политичката сцена.
Нејзината омилена модна комбинација се монохроматските костуми со струк, кои ги комбинира со деколтирани блузи. Стилот го надополнува со добра чанта, а правата коса лежерно и паѓа преку рамениците.
View this post on Instagram
Покрај тоа, мокасините и се омилени чевли, додека за порелаксирани опции избира балетанки.
Таа веќе неколку години е во брак со Јаков, и имаат три деца – Сара, Ана и Давид. Новиот претседател на Црна Гора е познат како многу грижлив татко, па не пропушта прилика да се фотографира со семејството.