Јелена Карлеуша веќе долго време е член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а откако Аца Лукас изјави дека натпреварот станало „шоу со шест кловнови во жирито“, Јелена му возврати.
„Најголемиот кловн ни замина. Аца беше најголемиот кловн во таа екипа. И откога си замина, тој хумор исчезна. Многу ми е жал поради тоа. Би сакала да се врати. Тогаш шоуто би било комплетно. Не сум иронична. Тој повеќе и не знае со кој е во добри односи, а со кој не е. Јас не му земам за зло, бидејќи тој е просто таков. Но да не да му порачувам што мислам за него преку медиумите, ќе му го кажам тоа кога ќе го видам. Ако го видам… многу е мал! Но кренат, како и сите ниски мажи“, изјави таа, па се наврати и најавата за неговата автобиографска книга.
„Јас сигурно ќе бидам посебно поглавје во неговата книга. Шала на страна, Ацо е доста талентиран за пишување. Но често тоа го користи на погрешен начин, како и јас“, призна Карлеуша, која веќе подолго време работи на новиот албум и наесен би требало да го претстави на публиката.