Моето човечко и ѕвездачко срце е со тебе!

Легендата на Црвена Ѕвезда Душан Савиќ го погоди состојбата со Небојша Глоговац, особено поради фактот дека актерот е фан на црвено-белите.

Веста за изгубената битка со болеста, сериозно ја потресе Србија, а меѓу оние кои во последните моменти му дадоа поддршка на Небојша беше и клубот за кој навива и во кој е член.

Во овие тешки моменти, многумина се сетија на неговите култни улоги, кои се поврзани во цврста врска со спортот, особено онаа за тоа како се станува шампион.

 

Кога се во прашање ѕвездашите, највпечатлива е улогата од „Муње“, каде како гостин се појави Душан Савиќ, некогашниот легедарен голгетер на Црвена Ѕвезда.

И Глоговац и Савиќ се дружеа за време на снимањето на прочуениот филм од 2001 година, но и во 2017 година, кога Ѕвезда го пречека Арсенал.

Тогаш Небојша Глоговац се повтори прочуената реплика од „Муње“, прегрнувајќи го Дуле Савиќ на Маракана, а овој пат на тоа му возврати некогашната деветка на црвено-белите.

Излишно е да се зборува дека Дуле Савиќ го обележал раното детство на славниот актер роден во 1969 година. За клубот Савиќ играл од 1973 година до 1982 година, кога потоа заминал во странство.

„Можам да кажам дека моето срце е со него, човечко, ѕвездашко, верувам дека и во оваа борба ќе успее да победи“, изјави Савиќ.

 

Scroll to Top