„Молчи и молзи го фудбалерот!“ – Мажот на Верица Ракочевиќ жестоко ја навреди Зорана Јовановиќ

Вељко Кузманчевиќ не издржа да не одговори на коментарите на Зорана Јовановиќ, на неговиот неодамнешен стајлинг на еден настан.

Откако Вељко Кузманчевиќ во Белата палата, на една прослава, се појави во фустан, Зорана Јовановиќ немаше пофални зборови за стајлинот на мажот на Верица Ракочевиќ.

„Не сум фан на тоа, сакам кога мажите ќе се облечат како мажи. Знам сигурно дека никогаш не би била со таков маж, а сигурна сум во тоа дека на својот дечко никогаш не би му дозволила да облече нешто такво. Од друга страна, верувам дека такво нешто никогаш не би ми паднало на памет“, изјави Зорана.

Иако досега не се случило да јавно одговори на било каков коментар на нејзина сметка, Вељко овој пат преку својот Фејсбук профил тоа и го направи, и тоа на жесток начин.

 

„Зорано, блогерко, молчи и молзи го фудбалерот додека има пари, и немој да фантазираш дека можеш да му забраниш било што, затоа што додека тој ги плаќа патувањата у Луј Виотне, ти можеш само да молчиш. Продолжи да се пеглаш на фотошоп, и да се сликаш по туѓи автомобили. Здраво!“, напиша Кузмановиќ.

„Ова е само доказ за тоа каков кретенизам добива медиумско внимание, бесмилосен идиот за занимање, додека уметниите ги става во ист кош и со тоа ја обезвреднува културата. Јас не можам и нема да молчам на ваквите провокации“, додаде Вељко во еден од коментарите.

Да потсетиме, Зорана е во врска со фудбалерот Данијел Миличевиќ, кој живее во Белгија.

 

 

Scroll to Top