Мустафа ја тужи Емина Јаховиќ, тврди дека уредно си ја платил алиментацијата

Турскиот писател Мустафа Сандал ја тужи неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ, тврдејќи дека тој уредно си ја плаќал алиментацијата за децата. Претходно Емина беше таа која го тужеше велејќи дека ѝ должи околу 1,8 милиони турски лири или 115.000 евра.

Судот сега утврди дека тоа не е вистина па затоа во моментов тој го суспендираше нејзиниот случај во корист на Мустафа. Турските медиуми пренесоа дека половина од парите наводно биле исплатени на сметка на пејачката која претходно го доби старателството над Јаман и Јавуз.

900.000 евра таа ги потрошила за изнајмување на вилата во предградието на Чубуклу, која инкау му припаѓа на Сандал. Судот утврди дека Мустафа на децата им ги плаќал и школарините и сите други потреби, а судијата забележал дека таа одлично заработува и од нејзината козметичка компанија.

За потсетување, Мустафа неодамна се сврши со 19 години помладата Мелис Сутсуруп, со која е веќе три години во врска. Нивната свадба е закажана за почеток на јуни. Двајцата неодамна објавија и фотографии од свршувачката и размената на прстени.

 

 

Scroll to Top