Српската глумица Снежана Никшиќ почина синоќа на 79 години во Белград. Таа почина по долгата и тешка битка со болеста. Тажната вест ја објавија нејзинтие колеги, а како што пренесоа тамошните медиуми, таа почина во болница.
Никшиќ е позната по бројните улоги. На неполни 18 години на сцената на Југословенскиот драмски театар во Белград ја играла главната улога во претставата „Кроток“, од Фјодор Михајлович Достоевски. Во својата кариера има повеќе од 40 филмски и телевизиски улоги.
Таа му беше сопруга на глумецот Љубо Тадиќ, кој во едно од неговите интервјуа призна дека таа му помогнала да се извлече од пеколот. Двајцата се запознале во седумдесетите години, кога таа почнувала со глумата, додека Тадиќ веќе бил познат глумец.