Фолк пејачот Аца Лукас синоќа го прекина концертот во ноќен клуб во Охрид затоа што му се слошило. Одма му била дадена медицинска помош, а како што пренесоа некои од медиумите примил и инфузија.
Дел од публиката го почекала да се врати, но на крајот си заминале дома разочарани заради високите цени на влезниците за кои платиле и до 9000 денари.
Засега нема информации дали повторно ќе одржи концерт во истиот клуб кога состојбата ќе му се стабилизира, ниту пак дали оние кои веќе купиле влезници, истите ќе можат да ги искористат за друг концерт.
За потсетување, Лукас изминатиот период во Србија откажа неколку концерти поради влошената здравствена состојба.