На Брена ѝ го затворија ресторанот, не издавала фискални сметки

Ресторанот на Лепа Брена на Златибор повторно е запаечатен поради неиздавање на фискални сметки. Истиот ресторан беше затворен и на почетокот на годината, исто така заради неиздавање сметки на гостите.

Како што пишува српски Телеграф, инспекторите при контролата на работењето на ресторанот забележале бројни неправилности. Ирскиот паб на Брена и на нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ  е „привремено е затворен поради неевидентирање на прометот“, стои на објаснувањето оставено на вратата на локалот.

За ваков прекршок е предвидена казна од 50.000 до половина милион српски динари. Колку дена ќе биде затворен ресторанот зависи од тоа кој прекршок им е по ред.

Scroll to Top