На српскиот пејач Мирослав Илиќ му се слошило по концертот кој го одржал во вторник во Сава центарот во Белград. Илиќ откако завршил со настапот се пожалил дека не му е добро.
Неговиот тим веднаш го сместиле зад сцената и некои од нив изјавила дека Илиќ почнал да се гуши додека се симнувал од скалите бината.
„Во еден момент пребледе. Се пожали дека му е лошо. Делуваше дека ќе падне, но за среќа еден дечко од организаццијата побрза да му донесе вода. Илиќ се освежи, а потоа седна зад сцената, каде го чекаше сопругата Гордана. Таа се уплаши. За среќа по десет минути дојде при себе. Ни кажа дека не му е ништо и дека само се префорсирал. Му било загушливо на сцената. Салата беше преполна и беше напнат, но успеа да издржи како вистински професионалец. Ова му е првпат да му се случи вакво нешто Никогаш досега не се пожали на никакви болки. Неговите блиски се уплашија, но за среќа, на крајот немаше причина за страв“, вели извор од близок до пејачот.
Тој објаснува дека Илиќ пред концертот бил расположен и даде изјава за медиумите.
„Ова го работам долго низ годините. Нема мои колеги кои не дојдоа, дали како гости или како публика, беа дел од концертот. Чувствувам како повеќе и тие да се уморија да доаѓаат. И јас не ги викам“, изјавил Мирослав.
На концертот покрај големит број колеги, присуствуваше и неговата сопруга Марија и зетот Драган Шутановиќ.