Пејачката Нада Обриќ по четврти пат успеа да го победи ракот. Таа вели дека во јуни оваа година ѝ се вратил ракот на бешиката по четврти пат и покрај тоа што се оперирала и редовно одела на терапии. Поради тоа, Нада морала повторно да оди на операција, по што следела и хемотерапија.
Таа се оперирала во Австрија, во Виена, каде за неа се грижела нејзината ќерка Итан Павичевиќ, која живее таму. Нада во Виена го посетила еден најдобрите лекари во една приватна клиника.
Минатата година исто така пејачката била оперирана од рак, а откако навреме открила дека болеста се вратила, таа успеала да ја победи тешката болест.
„Фала богу работите одат на подобро. Закрепнувањето тече побавно отколку што мислев, но се борам. Јас мислам дека за некои 10 до 15 дена, ќе дојдам на себе. Завршив со сите терапии. Сега следат контролите, но тоа е нешто што ќе ме следи целиот живот и тоа не е страшно“, вели Нада.
Пејачката дополнително внимава и поради коронавирусот, кој може значително да ги влоши работите за неа.
„Се чувам од короната. Морам да се чувам по секоја цена. Јас не сум меѓу чувствителните, туку меѓу најчувствителните луѓе. Не се гледам со никого. Постојано внимавам. Дури и децата кога ќе дојдат, влегуваат кај мене со маски. И јас носам маска и тие. Се бориме, но така е со сите. Ќе помине. Сѐ ќе помине, па и ова“, вели Нада.