Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата свршеница Сашка Веселинов наскоро ќе се венчаат. Свадбата ќе биде на две локации.
Водителката и модна дизајнерка и нејзиниот свшеник на 12 септември ќе прослават во Белград, каде ќе се одржи и црковна венчавка, по што младенците ќе имаат можност да слават и во Црна Гора.
Втората венчавка ќе биде организирана во Херцег Нови, поточно во одморалиштето Портонови, а гостите на свадбата ќе го почитуваат и дресот кодот кои го замислиле младенците.
Да потсетиме, Ѓорѓе Ѓоковиќ на Калемегдан ја запроси својата девојка Сашка Веселинов, а за вереничкиот прстен наводно потрошил 10.000 евра