Едита Арадиновиќ на 7 март официјално објави дека ја напуштила групата „Министaркe“, чиј член и фронтмен беше од основањето.
Едита напишала дека води битка со здравствените проблеми кои ги занемарила, но дека и да било сè во ред со неа, нема да може некое време да настапува. Тоа ќе биде до крајот на судскиот процес што се води против неа, откако ѝ беше поднесена тужба во која од неа се бара отштета од 100.000 евра.
Тужбата ја поднеле Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, кои го основаа бендот „Министарке“ и кои биле задолжени за песните и кариерата на оваа женска група. Причината е што Едита до крајот на годината имала закажани тезги кои со раскинувањето на договорите нема да може да ги испочитува.
Милетиќ не се јавувал на повиците на новинарите, а Едита вели дека не сака да зборува ништо на оваа тема.
„Не давам изјави и интервјуа. Ја напуштив групата и во моментов не сум во состојба медиумски да се експонирам и така ќе остане додека трае судскиот процес“, вели Едита.