Наташа Беквалац: Не сум психички стабилна за нов концерт

Наташа Беквалац изјави дека не е психички стабилна за да направи голем концерт „Арена салата“. Пејачката вели дека концертот ќе мора да го одложи за наредната година, затоа што во моментов има други грижи.
По долгата пауза од музичката сецна, таа се врати со хитот „Мала плава“, а во моментов вели дека главна преокупација ѝ се нејзините ќерки. Беквалац зад себе имаше турбулентна година. Во моментов води бракоразводна парница со ИТ експертот Лука Лазукиќ, кој се терети за семејно насилство.„Она што си го ветив на себе си, кога е 2019 година во прашање, е реализација на еден голем концерт кој би го подарила на својата публика. Но, тоа не е мала работа. Јас сум многу сериозен музичар и одговорно пристапувам на својата работа и организција на сите настапи. Работам на еден специфичен начин низ својата кариера, а со мене има голем број на музичари кои ме пратат во секој чекор. Што се однесува до организацијата на концертот во арената или на некој сличен простор, тоа ќе се случи само доколку бидам психички и физички стабилна и подготвена за настап. Би сакала да ги израдувам фановите со голем спектакл“, изјавила Беквалац за српските медиуми.

 

Scroll to Top