Српската пејачка Наташа Беквалац вчеравечер се појави на грчка вечер во Белград. Друштво ѝ правеше сопругот Лука Лазукиќ. Бидејќи новинарите дознале дека Беквалац ќе биде на вечерата, пред ресторанот ја пречекале фотографи и камери.
Ова е прво појавување на Наташа во јавноста откако пред две недели се породи. Новинарите веднаш напишаа дека воопшто не се познава оти била бремена пред само неколку недели и дека изгледа совршено со дискретна шминка, во долг црн фустан.