Националниот стадион во Белград, кој треба да почне да се гради следната година, најверојатно ќе го носи името „Синиша Михајловиќ“.
Идеја и желба за такво нешто постојат, па дури и кај фановите на ФК Партизан, а дека би можело нешто такво да се случи најави и српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Добредојдовте на стадионот Синиша Михајловиќ“, вака за неколку години би можел да звучи фудбалскиот коментатор за време на натпреварите на репрезентацијата на Србија.
Синиша Михајловиќ остави голема трага во српскиот, италијанскиот и во европскиот фудбал. Тој почина на 53-годишна возраст по тешката борба со леукемијата.