Откако српската продукциска куќа „Ѕвездите на Гранд“ објави дека жирито ќе се приклучи Цеца наместо Карлеуша, не стивнуваат коментарите во јавноста.
Во интервју за српските медиуми, Цеца откри кои се нејзините планови околу ангажманот во познатиот музички натпревар.
„Во овој момент, можам да кажам дека пред нас се добри три добри коишто ме врзуваат за овој проект. Сакаме да ги обележиме заедно во најдобро можно светло“, рече пејачката.
Таа вели дека раководството на Гранд продукција пројавило интерес за неа и дека добила отворени и фер преговори.
„Земјотрес не се случи, туку одлична понуда и взаемна добра волја да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Со заеднички сили и искуства, ќе формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеа извесно време, а ние ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам за тоа јавно додека не се потпиша договорот, штом тоа беше направено, продукцијата излезе со своето соопштение. Имам искуство од ваков тип на натпревари, прво сама учествував на нив и се борев за првите места, а потоа кога направив одредени години во кариерата, станав дел од „Пинкови sвездички“. Искрено, добив одлични впечатоци од тој натпревар.
На прашањето дали ќе биде строга во оценувањето, таа одговори: „Не можам да одам против моите принципи до кои се придржував со години. Односно да го кажам своето мислење за тоа како некој пее, на културен и убаво формилуран начин, без да ја посрамотам личноста или јавно да ја изложам на потсмев. Тоа се млади луѓе кои немаат доволно искуство на сцената, дури ни пред камера, а особено не кога пред нив седат речиси десет луѓе кои треба да ги оценат. Во исто време собраат многу храброст да пробаат нешто ново и да се изборат за подобро утре“, заклучи Ражнатовиќ
Таа додава дека според неа поентата на натпреварот не е некој да плаче на сцената, додека друг вика по кандидатите и ги омаловажува, туку треба да влијае врз кандидатот да биде уште подобар во секој нареден круг. И на крајот, треба да победи оној што најмногу работел на себе или има најголем талент.