Не и требаше долго – Откако ја „стави во уста“ Небојша, Дара Бубамара се насмеа и му одговори на прозивките

Точно е дека полнам се и сешто, каде и да се појавам, и дека сум ѕвезда“, изјави Дара за српски Телеграф.

Интервјуто на Небојша Глоговац, кој е познат актер, кој го даде за босанскиот магазин „Дани“, привлече огромно внимание, а особено неговите проѕивки на сметка на Цеца Ражнатовиќ и Дара Бубамара. Не требаше да мине многу време, и Дара во свој стил да му одговори.

Да потсетиме, Глоговац, го прокоментира општеството во кое живееме, и преовладувачките морални вредности, и тогаш, меѓу останатото, порача:

„Луѓето со знаење и талент овде воглавно немаат пари. Наместо да се занимаваат со својата работа, докторите на науки со допломи кои не се купени или украдени денеска, работат како кондуктери, како таксисти, продавачи… или препродаваат телевизори. Капиталот се слива на другата страна. По тоа каде и кај кого завршува парата, лесно можете да заклучите во какво општество живееме, за кои вредности се залагаме, што се цени. А се цени Дара Бубамара, јеб*га! Таа може да ја наполни која сака сала, кога и да посака! И полна е со пари! Веројатно има некои дополнителни активности, но, боже мој. Ова е свет на силиконски ци**и, и зад**ци“. Во него Дара Бубамара е закон, а не јас., заклучува Небојша Глоговац.

Кога слушна што тој рече за неа, Дара се изнасмеа и изјави:

„Хахахаха, можам само да кажам дека го обожавам Небојша. Точно е дека ги полнам салите каде и да се појавам, и дека сум ѕвезда, ете ако Небојша тоа го рекол, јас само можам да кажам дека баш го обожавам, дека го сакам како актер, и дека го повикувам да дојде на некој мој настап да добро се зезаме“, изјави Дара Бубамара.

 

Scroll to Top