Српската пејачка Лепа Лукиќ откри дека не се чувствува добро и дека морала да побара лекарска помош поради здравствени проблеми, објавија локалните медиуми. Таа со денови е болна и веќе една недела прима инфузија во Здравствен дом.
Пејачката не криеше дека не се чувствува добро, па раскажа за „Република.рс“ какви здравствени проблеми имала, но и како се чувствува сега.
„Не ми е добро, болна сум, имам јака настинка, примив инфузија, толку многу омалаксав за овие пет дена. Сега сум на лекови. Ќе биде добро, но мора да помине. Прво ме фати грлото, па имав силна главоболка, болка во мускулите и зглобовите, но сега сè помалку“, изјави Лепа.