За време на првата полуфинална вечер од изборот во Србија за претставник за Евровизија, познат како Беовизија, се случила вербална расправија помеѓу музичарите Аца Лукас и Момчило Бајагиќ Бајага поради спротивставени политички ставови.
По вчерашниот скандал, се огласи и Бајага за српските медиуми.
„Ако Аца вели дека се дрогирам, тогаш е навистина страшно. Ништо не се случи синоќа, таман работа, зошто би зборувал со Аца Лукас за политика на Евровизија. Не се натпреварувам, направив песна за Бибер и Дулет Свилар кој пее фантастично“, изјави Бајага.
Вчера српските медиуми објавија дека уште пред почеетокот на фестивалот, ситуацијата на Кошутњак била доста тензична. Наводно Аца Лукас бил уапсен, за нешто за кое веќе претходно одговарал, а вечерта дошло до вербална расправија помеѓу него и Момчило Бајагиќ – Бајага. Тие се сретнале во бекстејџот, но поради спротиставените политички ставови, дошло до размена на пцовки и навреди.
„Немој сега да те клоцнам по задникот“, реагирал Лукас на дофрлувањата на Бајага.