„Нетфликс“ ќе снима филм за Аркан, ќе го портретира син му

Американската стриминг-платформа „Нетфликс“ ќе снима филм за Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Воениот командант на филмското платно ќе го игра син му.

Сценариото за овој блокбастер, како што стои во објавата, ќе биде засновано врз мотивите од книгата „Беше еднаш во Белград“ од Александар Мандиќ. Неговиот татко Миленко Мандиќ – Манда беше убиен заедно со Аркан во 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“.

Во филмот ликот на Аркан ќе го игра син му Воин Ражнатовиќ, кој го има од првиот брак.

  

„Тој веќе се стрена со продуцентите на ‘Нетфликс’ од Америка и се согласи за сè во врска со филмот. Само чекаме да помине пандемијата за да може да продолжиме, да потпишеме договор и да почнеме со снимање. Мојата книга опишува само дел од она што се случи, луѓето допрва ќе дознаат многу брутални работи за мене и семејството Ражнатовиќ. Воин и јас се согласивме сè што ќе заработиме од филмот да го испорачаме во хуманитарни цели“, открива Александар Мандиќ.

„Луѓето од ‘Нетфликс’ ни предложија Воин да го игра Аркан, а јас татко ми Манда. Не можам да ви откријам многу за филмот, само ќе кажам дека тоа е вистинска мафијашка приказна, која ќе биде многу интересна за гледачите. Воин и јас ќе бидеме облечени како и нашите покојни татковци и ќе се обидеме да им ги симнеме сите движења“, додаде тој.

Филмот за Аркан ќе се снима во Белград и во Америка, а подоцна се планира да се направи и мини серија.

 

 

Scroll to Top