Познатата водителка Николина Пишек проговори за смртта на нејзиниот сопруг и односот со свекорот Миша гроф. По смртта на сопругот и десет години живеење во Белград, Николина и нејзината ќерка Уна Софија мораа да се вратат во Загреб, пишува Курир.рс.
Сопругот на Николина, Видоје Ристовиќ почина пред помалку од една година.
„Кога почина мојот сопругот, јас и ќерка ми се најдовме на улица, буквално без ништо. Од станот во кој живеевме со Видоје не ни дозволија да ги земеме личните работи, па дури ни играчките на Софија. Добив еднократна помош од близок пријател кој ми помогна да се одржам во живот и да имам за најосновните трошоци“, открива Пишек.
Таа вели дека животот им се претворил во пекол по смртта на Видоје.
„Бевме малтретирани и незаштитени. Морав да се справам со животните проблеми. Во такви околности, немав време да се занимавам со мојата психа. Одреден број пријатели ми го свртеа грбот“, рече таа. И додава дека Видоје не бил во контакт со неговиот татко.
„Видоје не разговараше со татко му во последните шест години, немаа контакт. Сега па воопшто не контактираме, ниту тој, ниту неговата сопруга не се заинтересирани за нивната внука. Одвреме-навреме им испраќам пораки со нова фотографија, им пишувам за нешто ново или важно што и се случило на Уни Софија, ама никогаш не добивам одговор“, раскажува Николина.
„Ќерка ми пред неколку дена ме праша дали сè уште има баба и дедо, не знаев што да и одговорам. Таа е премлада за да разбере зошто повеќе не му припаѓа на Белград. Ги загуби семејството, спомените, играчките. Мислам дека нејзината реакција веќе не е тага, туку се обидува да ја разјасни и рационализира ситуацијата. Јас пак, имам проблем како да и објаснам дека не треба да се чувствува виновна за сè што се случило“, вели Николина.
Имотот на Видоје сè уште предмет на оставинска постапка, а Николина вели дека судските процеси во Србија се бавни.
Николина вели дека во оваа трагедија открила кои се нејзините вистински пријатели.
„На мое големо изненадување, пријателите едноставно исчезнаа, иако претходно беа многу гласни. Останаа малкумина од нив“, вели таа. Инаку, таткото на Николина, Иван, почина шест месеци пред Видоје, а на нејзината мајка летово беше болна и моментално се закрепнува.
Уна Софија оди на психолог по смртта на нејзиниот татко. „Таа не реагираше добро на тие средби, па оставив работите малку да се смират. Во постојана комуникација сум со детските психолози и се трудам да ги следам нивните совети. Некако ја носам својата тага, но престанав да плачам. Немам повеќе солзи. Едноставно не можам да си дозволам моменти на слабост. Ќерка ми гледа и учи од мене, но имам многу емоции. Тажна сум често, но не смеам да запаѓам во емоционална криза“, изјавила Николина.