Дара Бубамара и Сека Алексиќ веќе 2,5 месеца не се во добри односи кога Дара збесна поради тоа што на крајот на декември дознала оти Сека закажала концерт во „Арената“, и тоа 7 дена пред нејзиниот концерт.
Сека неколкупати посочи дека не ја разбира Дара и дополни дека секој има право да закаже концерт на датум на кој ќе посака, а кога неодамна се појави на промоцијата на дуетот на Бобан Рајовиќ и Џеј, изјавила дека нема никаков коментар за Дара.
Но, Бубамара нема проблем да зборува за Сека, нешто што го направи за време на гостувањето во „Амиџи шоу“.
„Не е важно во какви односи сме јас и Сека, но сакам да ти кажам дека не сме се договориле. Во јавноста се пушта некаква приказна за тоа дека сме се договориле јас и таа да правиме вака. Не е договорено ништо. Не може да се договориш ако некој ти каже дека на твојот веќе закажан концерт, нејзиниот ќе биде седум дена претходно. Значи, тоа му доаѓа како она ‘ти посакувам среќа’, а го закажува настапот седум дена претходно! (се смее)“, почна да му кажува Дара на Амиџи, на моменти видно бесна.
„Тука нема пријателство! Секој работи за себе и секој одговара за своите постапки, но тоа е тотално неважно. Мојот концерт е на 21 април. Лудило, растурање! Мене многу ми беше криво кога се случи сето ова. Не знам зошто настана, прашајте ја Сека. Тоа е прашање за неа затоа што таа го закажа концертот седум дена претходно, а не една недела по мојот. На крајот, на сите им простувам и им посакувам среќа. Повеќе не ме интересира. Сите на естрадата знаат дека јас сум чесна кон колегите, сѐ работам сама и сама вложувам во себе, без никаква поддршка. Јас на својот непријател не би му направила ништо што тој мене би ми направил, еве сега прв пат зборувам искрено. Но, има Господ. Ќе видите што ќе биде на мојот концерт, кој ќе ми се придружи и какви луѓе ќе има. Јас сето тоа самата го заслужив!“, изјави Дара.