Новак Ѓоковиќ им се поклони на лекарите од Ниш кои работеа 12 неплатени викенди

Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, на „Инстаграм“ објави фотографија со аплауз и го покажа своето воодушевување од лекарите од Ниш, кои работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции.

 

 

 

По речиси 100 дена и 12 последователни викенди, во кои персоналот на Клиниката за кардиохирургија во Ниш работел без паричен надомест, нивната цел е постигната – листите на чекање повеќе не постојат.

Директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ, вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.

„Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент, кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта, нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа“, напиша директорот.

Scroll to Top