Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, јавно на прес-конференција призна дека го мачат проблеми кои немаат врска со тенисот и дека поради нив Србинот бил поразен во третото коло на турниот „Индијан Велс“.
„Го изгубив мечот поради ситни грешки. Тоа се случува кога нема да ги искористите шансите на време“, констатираше Ѓоковиќ, а потоа откри дека го мачеле и проблеми кои немаат врска со тенисот.
„Во изминатиот период ми се случуваа многу работи надвор од теренот. Изгледа тоа влијаеше на мене и на теренот. На здравствено поле не се чувствував баш најдобро на претходните два турнира. Малку бев зарѓан, но тоа е животот“, изјавил Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ исто така го завршил натпреварувањето и во Мајами во осминафиналето, а двете брзи елиминации на Мастерс турнирите, прилично ги шокираа љубителите на тенисот. Фановите коментираат на социјалните мрежи дека најмногу се загрижени од фактот што Ѓоковиќ не е ни бледа сенка на она што беше од пред два месеци.
Тогаш Ѓоковиќ во Мелбурн демонстрираше сила ретко видена, во големото финале против Рафаел Надал.
Тенискиот експерт Војчек Фибак, изјавил дека причината за лошите резултати на српскиот тенисер се поради приватни проблеми.
„Се зависи од вашиот ум. Проблемите на Новак не се исклучиво поврзани од спортски причини, туку со семејни проблеми. Така сметаат и луѓето од неговото опкружување. Сè заедно, тоа може да го вознемири Новак и тој нема да може да се натпреварува на исто ниво како претходно“, изјавил Војчек за „Полска Тајмс“.