Новак и Јелена Ѓоковиќ слават 10-годишнина од брак, тенисерот објави нивни стари фотографии

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена ја прославија десетгодишнината од бракот.

Новак во оваа прилика и посвети емотивна објава на својата сопруга на Инстаграм. Напиша песна на англиски и направи компилација од нивните фотографиите и видеа од раните денови на нивната врска до сега.

Во таа песна тој наведе се што заедно поминале тој и Јелена во овие десет години.

За неколку часа објавата собра повеќе од 360.000 лајкови и многу коментари.

Scroll to Top