Новак и Јелена Ѓоковиќ слават осум години брак

Новак и Јелена Ѓоковиќ слават осум години брак. Сопругата сподели неколку семејни фотографии, за да ја одбележи годишницата но и да му даде поддршка на нејзниот сопруг за финалето на Вимблдон.

„8 години во брак но сепак само 17 заедно! Тинејџери. И, денес моето момче игра на финалето на Вимблдон!“ – стои во описот на објавата.

Јелена напиша и појаснување дека тие двајца се заедно уште од средношколските денови и дека биле во врска осум години пред Новак да ја запроси во 2013 година.

Тие направија свадбена веселба веќе следната година во Црна Гора.

Парот има две деца – Стефан кој се роди во 2014-та, како и Тара која се роди во 2017-та.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Scroll to Top